Ракомет

Сега само уште кој со кого!

16.06.2014 14:12

До последно се чекаше за изгледот на 16-те селекции учеснички на ракометниот евроски собир. Србинките и Украинките синојќа го комплетираа списокот, кој сега чека само групна распределба на жребот во четврток во Загреб.

Србија се доведе во ситуација во последното коло да се ”јаде“ со словенките за европското, по загубениот натпревар во Словенија. Но, победата во Србија им ги донесе потребните бодови кои заедно со доминатната Шведска во оваа група ги впишува на списокот за Хрватска и Унгарија.

Австријките пак, си направија од готово-вересија со Украинките. Се случи она што најмалу Австриските девојки можеа да го замислат. Со предност од 6 плус (34:28) по првиот натпревар отидоа за Словачка, каде украинките беа домаќинки поради политичката ситуација во нивната земја. Фуриозно украинките ги прегазија австријките за евро пласма по извојуваната победа од 9 разлика(33:24).

Црногорките и пред дуелот со Португалија имаа веќе обезбедено евро статус, па си дозволија луксуз да одиграат реми, 22:22.

По заокружениот квалификациски континентален циклус, носителски репрезентации за жребот се: Данска, Франција, Црна Гора, Шпанија, Шведска, Норвешка и Германија. Ова се селекциите кои завршија на првото место во седумте групи.

Оние кои обезбедија пласман како второпласирани се, Унгарија, Словачка, Србија, Полска, Русија, Холандија и Романија.

Хрватска и Унгарија влегуваат како организатори директно во натпреварувачката фаза. Шампионатот ќе се случува годинава од 7 до 21 декември.