Османи: Резолуцијата на САД е охрабрување за земјава и порака до ЕУ
Американскиот Сенат предложи резолуција за поддршка за влез на Македонија во ЕУ. Министерот за надворешни работи, Османи, очекува резолуцијата да влијае и врз политичарите кои заговараат излагување од НАТО и алтернатива за ЕУ...

Резолуција на САД со која го поддржа пристапувањето на Македонија во ЕУ е само охрабрување за Македонија, но и порака до ЕУ, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Американски сенатори ја истакнале силата на трансатлантските односи меѓу САД, Република Северна Македонија и Европа. Во резолуцијата, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови. Османи очекува резолуцијата да влијае и врз политичарите кои заговараат излагување од НАТО и алтернатива за ЕУ.
Игор Панов
