Апелација пресуди, Јанакиески излегува од затвор на 16-ти јуни
Во решението на Апелацискиот суд стои дека се уважува жалбата на осудениот Миле Јанакиески со која бара условен отпуст, така што условниот отпуст наместо како што гласело во првичната одлука да почне од 16-ти јануари 2025-та ќе почне од 17-ти јуни годинава.

Скопска Апелација пресуди-Јанакиески излегува од затвор на 16-ти јуни годинава, а за Сашо Мијалков предметот, односно барањето за предвремен отпуст го укина и го врати на повторно одлучување во Кривичен суд.
Во решението на Апелацискиот суд стои дека се уважува жалбата на осудениот Миле Јанакиески со која бара условен отпуст, така што условниот отпуст наместо како што гласело во првичната одлука да почне од 16-ти јануари 2025-та ќе почне од 17-ти јуни годинава. Дотогаш Јанакиески не смее да стори ново кривично дело.
Претходно и Гордана Јанкулоска излезе предвреме од „Идризово“.
