Повторно невреме со град во Гевгелија
Невреме проследено со град со големина на гроздови зрна ја побеле Гевгелија и регионот. Ова е втор пат како страда овој регион од силен град. Минатата недела невреме со град имаше и во гевгелиско Негорци каде од гром почина 17 годишно момче …

Невреме проследено со град со големина на гроздови зрна ја побеле Гевгелија денеска на пладне. Околу 20 минути траело невремето со дожд и град. Од противпожарната единица велат дека излегле на терен и констатирани се запушувања на атмосферската и фекална канализација.
По невремето заседавало и комисијата за елементарни непогоди. Од општината истакнаа дека граѓаните ќе може да пријават штети до комисијата оти првично штети има на овоштарници и пластеници.
Во петокот невреме со град имаше во гевгелиско Негорци каде од гром почина и 17 годишно момче кое било на паша со стоката во атарот на селото.
Ване Трајков
