Економија

Земјава се соочува со сериозен недостиг на работна сила

12.03.2024 19:35

Македонија се соочува со сериозен недостиг на работна сила, особено во одредени сектори, како туристичкиот, градежниот, а како последно најмногу во текстилната индустрија...

Во Македонија од ден на ден паѓа бројот на угостители, градежници, шивачки. Секторите ослабнуваат и ќе биде тешко, за МТВ велат стопанственици кои бараат од државата да покаже сериозност и да ги помогне компаниите. Одливот на кадар се должи на подобрите услови на пазарот на труд во странство.

Дека ќе биде тешко во цела 2024 алармираат и сопственици на текстилни компании, кои поради намалени нарачки биле принудени да поделат откази на дури 10,4% од вработените во индустријата.

Дека проблемот со работна сила ќе се продлабочува, согласен и министерот за труд и социјала.

Според Светската банка, Македонија годишно губи околу 0,5% од населението поради емиграција. Си одат млади и квалификувани луѓе, кои бараат подобри услови за живот и работа во други земји.

Одливот на кадар дополнително го ослабува работниот потенцијал на земјата.

 

Борис Грујоски