Временска прогноза

Променливо облачно, ќе има повремени врнежи од дожд

13.03.2024 08:33

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на планинските региони во западниот дел од земјата, но и на крајниот исток, ќе има повремени врнежи...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на планинските региони во западниот дел од земјата, но и на крајниот исток, ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.

Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од-1 до 7 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 5 до 17 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд и слаб до умерен северозападен ветер.

Температурите во главниот град ќе се движат од минимални 5 до максимални 16 степени.