САД

Бајден и Трамп ги обезбедија партиските номинации

13.03.2024 08:54

На 5-ти ноември се очекува реприза на трката од 2020-та, актуелниот претседател се соочи само со номинална опозиција за да стане демократски кандидат...

Бајден и Трамп ги обезбедија своите партиски номинации за претседателските избори. На 5-ти ноември се очекува реприза на трката од 2020-та, актуелниот претседател се соочи само со номинална опозиција за да стане демократски кандидат, додека неговиот претходник пак, мораше да порази неколку републиканци на прелиминарните избори, вклучително и гувернерката Хејли, по што успеа да го обезбеди доволниот број делегати за номинација на Републиканците.

Раните анкети покажуваат мала предност на Трамп, кој се соочува и со четири кривични тужби кои опфаќаат 91 обвинение, а едно судење ќе започне на 25-ти март.