Македонија

Најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови, најмногу дожд во Гевгелија

13.03.2024 09:04

Најниска температура од-1 степен Целзиусов утрово е измерена на Попова Шапка и во Маврови Анови...

Најниска температура од-1 степен Целзиусов утрово е измерена на Попова Шапка и во Маврови Анови. Следат Лазарополе, Берово и Крушево со нула степени, 1 во Прилеп, Битола, 2 Претор, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Велес, Кавадарци, Охрид, Тетово, Крива Паланка, 7 Скопје-Зајчев Рид, 5 Виница, Гевгелија, 6 Штип и 8 степени во Дојран.

За изминатите 24 часа заклучно до седум часот најмногу воден талог од 11 литри на метар квадратен е наврнат во Гевгелија, во Струмица 8 л/м2, 7 во Виница, 6 Радовиш Пожар, 5 Крива Паланка, 4 Охрид, 3 Лазарополе, Куманово, 2 Берово и 1 л/м2 во Маврови Анови, Демир Капија, Претор, Штип, Битола, Дојран и во Скопје кај Петровец.