САД подготвуваат нов пакет воена помош за Украина

13.03.2024 09:05

Пентагон ќе испорача оружје од околу 300 милиони долари за Украина, откако ќе најде заштеда на трошоците во своите договори...

Пентагон ќе испорача оружје од околу 300 милиони долари за Украина, откако ќе најде заштеда на трошоците во своите договори.

Претходно полскиот премиер Туск по разговорите со Бајден во Белата куќа, го повика претседателот на Претставничкиот дом на Републиканците, Џонсон да го промени ставот за Киев и да свика гласање за дополнителните 60 милијарди долари помош за украинскиот народ. На фронтот борбите фокусирани на истокот.

Зеленски најави жесток одговор на руското ракетирање на Криви Рих во кој загинаа 4 луѓе, а десетици беа ранети.