Литванија

Нападнат сојузникот на Навални-Леонид Волков

13.03.2024 09:12

Леонид Волков, долгогодишниот сојузник на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални е нападнат пред неговиот дом во Литванија...

Леонид Волков, долгогодишниот сојузник на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални е нападнат пред неговиот дом во Литванија со чекан и солзавец додека бил во својот автомобил во Вилнус-изјави портпаролот на Навални, Кира Јармиш.

Напаѓачот е непознат, како и неговиот мотив, но тимот на Навални е повеќе од сигурен дека се работи за политичка позадина.

Литванската полиција е информирана за инцидентот и води истрага.