Влада

Владата поништи пет наредби на министерот Тошковски за прераспоредување

13.03.2024 09:26

Владата, како второстепен орган поништи пет наредби на министерот Тошковски, бидејќи биле со едностран потпис. За кадровски прераспоредување во подрачни сектори на МВР ...

Владата, како второстепен орган поништи пет наредби на министерот Тошковски, бидејќи биле со едностран потпис. Станува збор за кадровски прераспоредување во подрачни сектори на МВР и во Бирото за јавна безбедност.

Актите биле прогласени за ништовни по укажување на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, дека со едностран потпис, само од страна на министерот, се донесени пет наредби за кадровски прераспоредувања, а Тошковски немал зелено светло, потпис и од Бојмацалиев.