Тони Михајловски е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“
Актерот Тони Михајловски е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 година ...

Актерот Тони Михајловски е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 година, информира Општина Велес.
Вака едногласно одлучи жири-комисијата за доделување на актерска награда за животно дело „Петре Прличко“ во состав: Фаик Мефаиловски, претставник на Општина Велес, Благојчо Стојанов, претставник на Општина Велес и Слободанка Чичевска, актер, претставник на НУЦК театар „ЈХК-Џинот“ Велес. Наградата ја доделуваат Народниот театар „Јордан Хаџи Констатинов-Џинот“ и Општина Велес.
Наградата ќе биде врачена во рамки на фестивалот на комедија „5-ре“ кој ќе се одржи од 20 до 31 март.
Во рамки на фестивалот на комедија ќе се одиграат шест претстави. Манифестацијата започнува со претставата на велешкиот театар „Вечера за глупаци“ во режија на Ненад Витанов, потоа следуваат претставите „Чудна случка со кучето во ноќта“, „Мој термин“ во изведба на МНТ, „Црвенкапа“ на Театар за деца и младинци, „Секс и лаги“ во изведба на кумановскиот театар, „Женидба“ на Народен театар Штип и стендап комедија на Сашко Коцев.
Фото:/ МНТ
