Алкараз, Синер и Зверев продолжуваат на Мастерсот во Индијан Велс

13.03.2024 11:10

Циципас е елиминиран откако загуби со 2:6, 4:6 од Јиржи Лехечка, кој исто така изненади во претходното коло, елиминирајќи го Андреј Рубљев. За Чехот ова ќе биде прво четвртфинале на „Мастерс“.

На Мастерс турнирот во Индијан Велс се одиграа четири осминафинални дуели. Минатогодишниот шампион Карлос Алкараз, Александар Зверев, Јиржи Лехечка и Јаник Синер продолжуваат понатаму. Циципас е елиминиран откако загуби со 2:6, 4:6 од Јиржи Лехечка, кој исто така изненади во претходното коло, елиминирајќи го Андреј Рубљев. За Чехот ова ќе биде прво четвртфинале на „Мастерс“.

Карлос Алкараз немаше посебни проблеми со Фабијан Марочан и успеа да му се реваншира на светскиот рекет број 58 за поразот од Рим минатата година. Алкараз победи со 6:3, 6:3 и го постигна деветтиот последователен успех во Индијан Велс.

Александар Зверев направи пресврт против Алекс де Минор и исто така обезбеди пласман во четвртфиналето. Германецот победи со 5:7, 6:2, 6:3, а следен противник му е Алкараз. Зверев спаси 8 од вкупно 11 брејк топки, а исто така 5 пати победи на сервис на Де Минор.

Шампионот на Австралија опен, Јаник Синер оствари триумф над Бен Шелтон со 7:6(4), 6:1 и ја забележа својата 15-та последователна победа од почетокот на годината.