Ѓоргиевска сe обрати на изложбата посветена на жените во општеството, културата и науката
Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на отворањето на изложбата „Калиопе Австрија и Северна Македонија, жените во општеството, културата и науката“ што се одржа во организација на амбасадата на Австрија во земјава...

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на отворањето на изложбата „Калиопе Австрија и Северна Македонија, жените во општеството, културата и науката“ што се одржа во организација на амбасадата на Австрија во земјава, а во соработка со Националната Галерија на Северна Македонија.
Обраќајќи се пред присутните, сопругата на претседателот истакна дека мора да признаеме дека сè уште се судираме со бројни стереотипи за местото на жените во науката, уметноста и културата, а некои од причините за тоа се остатоците од патријархалната средина и воспитување, или некогаш и од институционалната незаинтересираност и несоодветна поддршка поради што многу наши сограѓанки немаат можност да се реализираат себеси и своите таленти.
На отворањето на изложбата се обратија и амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер и Волфганг Мајер, претставник на ЕВН Македонија.
Оваа изложба е можност да се запознаат исклучителни жени од Австрија, жени кои инспирираат со своите визии и наши уметнички, основоположничка на современата македонска уметност. Истовремено, изложбата ја покажува важноста на жените низ историјата на двете држави и укажува на фактот дека жената продолжува и денес да има суштинска улога во обликувањето на современите општества, придонесувајќи за културните идентитети. Со изложбата се придава значење и на напорите за промовирање на родова еднаквост, зајакнување на жените се во тек на двете земји, одразувајќи ги пошироките глобални трендови на инклузивност и различност.
