Врховниот суд одлучува за притворот на таткото на Вања
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Македонија на јавна седница по жалбата на адвокатот на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Ова е по одлуката на Апелацискиот суд Скопје кој го одби барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна девојка, да му се укине мерката притвор…

Трет обид на таткото на убиената Вања Ѓорчевска да излезе од притвор и да се брани од слобода. Адвокатот на Александар Ѓорчевски поднесе жалба до Врховниот суд откако Кривичниот и Апелацискиот суд одбија да го укинат продолжувањето на притворот.
На јавна седница во Врховниот суд од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари беше донесен таткото на убиената Вања, а жалбата ја образложи неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ.
Адвокатот Туфегџиќ кажа дека верува дека неговиот клиент е невин и дека со притворот се прави уште една голема трагедија покрај убиството на Вања, бидејќи се кршат човековите права. Нагласи дека психичката состојба на Ѓорчевски е лоша и дека бил нападнат во затворот.
Врховниот суд подоцна ќе донесе решение дали ќе ја прифати жалбата на таткото на убиената Вања, којшто се товари за помагање при кривичното дело убиство.
Вчера на слобода со мерки на претпазливост беше пуштен возачот Стефан Димовски, којшто првоосомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски-Палчо го возел до Турција.
Известува Ирина Гелевска
