Бесплатен скрининг за 2.000 пациенти во ризик од хронично бубрежно заболување
Граѓаните кои се во ризик за развој на хронично бубрежно заболување, ќе бидат контактирани од страна на здравствените установи и повикани на бесплатен преглед. Скринингот ќе ги опфати следните градови: Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Дебар, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Железара, Визбегово, Делчево, Гевгелија, Штип, Кочани, Струмица, Куманово и Крива Паланка.

Обезбеден бесплатен скрининг за 2.000 пациенти во ризик од хронично бубрежно заболување, информиаат од Министерството за здравство.
„Како резултат на дел од заклучоците од Првата ренална академија што се одржа во ноември минатата година на иницијатива на нашето Министерство и Шведската амбасада, со цел подигнување на свесноста за бубрежното заболување и неговата рана превенција, заедно со дијализните провајдери Диаверум и Нефроплус, најавуваме отпочнување на проектот „Скрининг на популација во ризик од хронична бубрежна болест“. Скринингот отпочнува овој месец, ќе трае четири месеци и ќе опфати вкупно 2.000 пациенти во ризик на територијата на цела држава. Заедничките компетенции и ресурси од областа на бубрежното здравје ќе бидат на располагање за што поширок опфат, превенција и подостапна нега на популацијата, што всушност е дел од годинешното мото на Светскиот ден на бубрегот“, изјави министерот Демири.
Граѓаните кои се во ризик за развој на хронично бубрежно заболување, ќе бидат контактирани од страна на здравствените установи и повикани на бесплатен преглед. Скринингот ќе ги опфати следните градови: Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Дебар, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Железара, Визбегово, Делчево, Гевгелија, Штип, Кочани, Струмица, Куманово и Крива Паланка.
Очекуваме максимална реализација на проектот, а со тоа поголемо идно превенирање на хроничното бубрежно заболување (ХББ), партиципирање во навремени иследувања, забавување на прогресијата, соодветна и контролирана терапија, како и потенцијал за значително намалување на морбидитетот и морталитетот од хронична бубрежна болест и неговите поврзани компликации. Апелираме до граѓаните да се искористи оваа можност и да влијаеме на подобрување на здравјето на нашите бубрези, велат од Министерството за здравство.
