Министерство за правда: Донесен Законот за канцеларија за поврат на имот
Со неговото донесување и функционирањето на Канцеларијата за поврат на имот согласно меѓународните стандарди ќе се преземат значајни активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство...

Собранието го донесе Законот за канцеларија за поврат на имот, информираат од Министерството за правда. Со новиот Закон, АРО Канцеларијата ќе има надлежност да презема активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство во врска со домашен државјанин или резидент во Република Северна Македонија, лице без државјанство или странец, како и за потребите на постапката за конфискација без утврдување на кривична одговорност регулирана согласно закон, што произлегле или се во врска со кривичните дела опфатени со член 6 од овој закон.
Со неговото донесување и функционирањето на Канцеларијата за поврат на имот согласно меѓународните стандарди ќе се преземат значајни активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство.
Со законот се уредува основањето, надлежностите, организациската структура и финансирањето на Канцеларијата за поврат на имот, соработката со домашни органи и институции, соработката со странски држави и електронската интегрирана база на податоци, стои во соопштението.
