Продолжуваат меѓупартиските препукувања за претседателските кандидати
Чиј кандидат за претседател и која опција е подобра за граѓаните. Во СДСМ со директен напад кон Гордана Силјановска. Нападите на СДС се секојдневни, реплицираат во ВМРО – ДПМНЕ контрирајќи за Пендаровски.

Меѓупартиските препукувања продолжуваат со несмален интензитет. Чиј кандидат за претседател и која опција е подобра за граѓаните. Во СДСМ со директен напад кон Гордана Силјановска. Таа е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски. Ги поддржуваше блокадите на македонското Собрание и европскиот пат на земјата.
Нападите на СДС се секојдневни, но се празни флоскули бидејќи немаат што да понудат, реплицираат во ВМРО – ДПМНЕ, контрирајќи за Пендаровски.
Во коалицијата вреди гледаат серија симптоматични потези на раководството на ДУИ, заедно со извештајот на ОДИХР за потенцијалните ризици за изборите. ДУИ велат во коалицијата ќе бидат очајни губитници.
Меѓу обвинувањата, партиите сè уште ги составуваат листите за пратеници. Техничкиот премиер Џафери, остава на партијата да одлучи дали тој како истакнат член во ДУИ, ќе биде носител на листа во 6-та Изборна единица. Прашајте во Тетово, кусо одговара шефот на владата.
Миле Ристевски
