Земјоделство

Климатските промени сè поизразени, а осигурани посеви сè помалку

13.03.2024 15:01

Земјоделците ќе мора да го заштитат или осигурат своето производство од се поизразените временски неприлики. Силниот град во гевгелиско, повторно го отвори прашањето за адаптација на земјоделството на климатски промени. Таму штети има на овошните насади и засеаните градинарски култури на отворено.

Градот во Гевгелија најмногу штети предизвика кај овошните насади, но и кај засеаните градинарски култури на отворено. Штети има и кај пластениците и оранжерии. Ретко кој го осигурува земјоделското производство иако државата го субвенционира.

Мартовското невреме со град во Гевгелија, повторно го отвора прашањето како земјоделците да го заштитат и адаптираат своето производство на климатските промени.

За неполна недела гевгелиско, двапати беше погодена со невреме од град, заради што земјоделците ќе мора да се ориентираат на нови методи на производство.

 

Ване Трајков