Натпревар за надеж!
Во група со Аргентина и со Босна и Херцеговина, надежите за пласман во осминафиналето Иран и Нигерија можат да ги базираат само со евентуална победа во меѓусебниот дуел. Единствениот претходен им е пријателски како подготовка за мундијалот во 1998-та, Нигерија славеше со 1:0.

Во група со Аргентина и со Босна и Херцеговина, надежите за пласман во осминафиналето Иран и Нигерија можат да ги базираат само со евентуална победа во меѓусебниот дуел. Единствениот претходен им е пријателски како подготовка за мундијалот во 1998-та, Нигерија славеше со 1:0.
Ова се две репрезентации коишто немаа потешкотии да дојдат до Светското првенство, четврто за Иран со само една победа досега и петто за Нигерија којашто на последните осум мундијалски дуели нема триумф. Низ квалификациите остварија постигнувања највредни во конкуренција на 32-те селекции, мрежата на Нигерија се тресеше само четири пати, додека Иран не прими гол на десет меча, а со 30 беше нејафикасен во Азија.
Португалецот Карлос Кеирож се соочува со критики дека одработил неквалитетни подготовки во коишто во четирите меча Иран го совлада само Тринидад и Тобаго. Неизвесен е настапот на левиот бек Хашек Беикзадех во формацијата 4-4-1-1 во којашто единствен класичен напаѓач би бил Реза Гочанеџад од Чарлтон со поддршка од капитенот Жавад Некунам од Ал Кувајт.
Селекторот на „Орлите“ Стивен Кеши реши да ја подмлади репрезентацијата, па 15 фудбалери имаат 25 или помалку години. Нигерија не се радуваше ниту во еден од четирите подготвителни дуели, па можеби затоа „Биг бос“ најавува напаѓачка варијанта со Емануел Еменике од Фенербахче како најистурен и со офанзивното трио зад него Виктор Мозез од Челзи, Ахмед Муса од ЦСКА Москва и Питер Одемвинге од Стоук. Грб треба да им чуваат Џон Оби Микел од Челзи и Огењи Онази од Лацио.
Повредите ги оддалечија од шампионатот Ува Ечиежиле и Џувон Ошанива, неивесен е настапот на играчот за врска Рубен Габриел од Беверен, додека дефанзивецот на Мидлсброу, Кенет Омеруо заздрави навреме за да се врати во стартниот тим.
