Прилеп

Невакцинираните деца дома-бабите и дедовците да внимаваат

13.03.2024 16:10

Невакцинираните деца не смеат во градинка. Возрасните, главно бабите и дедовците се на располагање да помогнат. Тие не сметаат дека се во опасност од зараза, ама лекарите предупредуваат-да не се изложуваат на опасност …

Невакцинираните деца не се примаат во градинка. Инспекторатот ги чешла документациите, вакциналните картони, потврдите во градинките.

И додека се чека на појаснувања на комисиската забрана, а родителите ги вакцинираат децата, бабите и дедовците се подготвени да ја водат грижата за најмилите, без разлика дали внуците се вакцинирани или не. Главно, не чувствуваат опасност, ама ја нагласуваат итноста од вакцинацијата кај децата.

Лекарите предупредуваат – имунитетот е со рок на траење, треба да се внимава и да се третираат случаите кај возрасните. Старите со нарушен имунитет да не се изложуваат на опасност.

Грижата за здравјето е за сите возрасти.

Елизабета Митреска