Нема отстапки за вакцинацијата за голема кашлица
За да не ни се случи и епидемија на морбили, се боцкаат деца со две вакцини. Стигнал допис од Министерството за здравство до пунктовите за имунизација. Не постои ризик да се даде последната доза на „ди-те-пер“ после шест месеци, убедуваат лекарите...

Доза здравје меѓу десетици луѓе што чекаат за иста работа. Роза Тодоровска ја затекнавме во пунктот за вакцинација во поликлиниката „Јане Сандански“. Нејзината тригодишна внука треба да прими вакцина.
Оние што сега ја примаат третата вакцина на „ди-те-пер“ во пунктовите ги задолжуваат за шест месеци да ја примат и четвртата, односно ревакцината која се дава на 18-месечна возраст. Родителите во страв да не им се случи нешто на децата, лекарите смируваат не постои простор за паника.
За да не ни се случи епидемија и на морбили во пунктовите стигнал допис од Министерството за здравство во исто време да се даваат двете вакцини.
Штета е што ни се случи епидемија, но треба да извлечеме поука и надлежните да имаат цврст став, смета професорот Пановски.
Податоците од ДСЗИ се алармантни, смета министерот за здравство.
Министерот Демири најави дека ќе свика вонредна седница на Комисијата за спречување заразни болести за да се расчистат сите дилеми кои настанаа во јавноста.
Наташа Јанчиќ Менковски
