Усвоени предлог-законите за обновливи извори на енергија
Усвоени предлог-законите за обновливи извори на енергија. Зелените невладини организации се поддржувачи на обновливата енергија, но сметаат дека ваквата содржина не е ниту европски усогласена, ниту транспарентна...

Усвоени предлог-законите за обновливи извори на енергија. Треба да ги транспонираат регулативите и директивите на ЕУ. Нивната цел е сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со енергија на енергетски ефикасен, транспарентен и одржлив начин.
Зелените невладини организации се поддржувачи на обновливата енергија, но сметаат дека ваквата содржина не е ниту европски усогласена, ниту транспарентна.
Да не се користи плодно земјиште за фотоволтаици како што е практиката досега туку ридско-планинско земјиште. Изградбата на нови капацитети ќе ја намали енергетската зависност, но треба да се внимава каде и што се гради-вели професорот Чаушевски.
До 2030-та ќе треба да изградиме гасни постројки, бидејќи гасификацијата е излезот од енергетската криза-објаснува професорот Чаушевски.
Александра Велинова
