инфраструктура

Бочварски – Рустеми: Автопатската делница Катланово – Петровец ќе се заврши до крај на овој месец

13.03.2024 22:04

Рехабилитацијата на оваа автопатска делница (левиот коловоз) е во завршна фаза...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, денеска извршија увид во рехабилитација на автопатската делница Петровец-Катланово.

Рехабилитацијата на оваа автопатска делница (левиот коловоз) е во завршна фаза. Претходно беше завршен десниот коловоз и истиот е пуштен во сообраќај под времен врежим. Должината е делницата е 10 километри а како дел од проектот е изградба и проширување со уште една коловозна лента. Според динамиката на градежните активности се очекува до крај на овој месец да биде завршена и оваа коловозна лента.

Министерот Бочварски потенцираше дека инвестирањето во квалитетна и модерна инфраструктура е влог за силна економија и носи бенефит за сите граѓани.

„Во однос на овој проект, комплетната рехабилитација на левиот и десниот коловоз на автопатската делница Катланово – Петровец го завршуваме и многу набрзо граѓаните и сите оние туристи кои минуваат по оваа траса ќе возат по високо квалитетен автопат. Оваа пролет завршуваме и со рехабилитацијата на делницата Демир Капија – Неготино, со што Коридор 10 во полн капацитет ќе биде ставен во функција. Особено сакам да истакнам дека Коридорот 10 ќе биде надграден и со Интелегентен транспортен систем, во прва фаза од Велес кон Гевгелија, а потоа и втора фаза од кон граничниот премин Табановце“, изјави министерот Бочварски.

Директорот Рустеми во своето обраќање истакна дека ЈП за државни патишта продолжува да работи со силна динамика на сите капитални проекти.