НАТО во фокусот на македонските студенти
Студентите го видоа практичното работење и начинот на донесување на одлуки во Северно-атланската алијанса...

Аспирациите за НАТО и мисиите во кои учествуваат македонските војници во фокусот на интересот на македонските студенти кои заедно со нивните професори и асистенти беа во главната командата на Алијансата. Одговори бараа од челниците на директоратот за планирање Лори Вокер и Гордон Дрејк.
„Не интересираше колку се тие задоволни од војниците кои учествуваат и дали сите тие напори ќе бидат доволни и дали еден ден ќе ни се укеже можност да станеме земја членка на НАТО“, рекоа дел од студентите.
„Нас не интересира за наша држава, како младина не интересира да се интегрираме во НАТО“, додадоа други.
Студентите го видоа практичното работење и начинот на донесување на одлуки во Северно-атланската алијанса.
„Воената академија оспособува кадри за идни офицери во АРМ, кои понатаму своето работно искуство и школување по завршувањето на Воената академија, а по посетата на НАТО, треба да ги спојат знаењата, значи практични кои ги добиваат во Академијата со условите кои НАТО ги нуди за учество во мисии во кои Р.Македонија партиципира“, изјави Александар Главинов, полковник продекан на Воена академија „Генрал Михајло Апостолски“.
„На овие брифинзи македонските студенти едногласно ја истакнаа потребата од валоризирање на резултатите во реформите кои ги постигнавме на Р.Македонија со добивање покана за полноправно членство на престојниот Самит на НАТО“, рече Марјан Ѓуровски, асистент на факултетот за безбедност.
Во Брисел отворено прашањето и за искористување на фондовите на НАТО за научно- истаржувачката работа.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
