Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

14.03.2024 08:26

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Попладне ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.