Имунизација

Седница на Комисијата за заразни болести

14.03.2024 08:39

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи седница во 12 часот, а според она што вчера го најави министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири...

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи седница во 12 часот, а според она што вчера го најави министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири ќе биде појасно дали забраната за прием на невакцинирани деца со Ди-Те-Пер, важи за оние кои не се вакцинирани или и за оние кои не ја примиле ревакцината.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) од понеделникот, почна со вонредни инспекциски надзори и издавање решенија за забрана на прием на деца во градинките кои не се имунизирани со вакцината ДТП откако Министерството за здравство ги прифати препораките од последната седница на Комисијата за заразни болести.