„Париски цртан филм“ - изложба на Јана Манева во Кинотека
Изложбата се состои од цртежи изработени на триесет метри цртачка хартија, во техника јаглен во форма на филмска лента...

На 15 март, во 21:30 часот во фоајето на Кинотека, проф.д-р Јана Манева – Чупоска ќе ја отвори својата изложба „Париски цртан филм“. Изложбата се состои од цртежи изработени на триесет метри цртачка хартија, во техника јаглен во форма на филмска лента.
Оваа изложба е создадена во 2023-та година во македонското ателје при меѓународниот центар во Париз (Cite Internationale des arts). Лични импресии, додадени соништа, реални и нереални форми и облици кои ја креираат реалната и уметниковата рефлексија од градот Париз. Француска историја, француска гастрономија, француска мода, париски соништа.
Изложбата е дел од неделата на франкофонскиот филм.
