ЦУК

ЦУК: 1.988 повици на 112 во последното деноноќие, само еден пожар на отворено

14.03.2024 09:20

1.988 повици на 112 во последното деноноќие, само еден пожар на отворено, превртената цистерна со плин во Битолско ќе се отстранува денеска ...

1.988 повици на 112 во последното деноноќие, само еден пожар на отворено, превртената цистерна со плин во Битолско ќе се отстранува денеска и апел за одржување и чистење на локалните канали за одводнување и да не се пали вегетација на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 988 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 45,62%, а 54,38% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,18%, кон Итната медицинска помош 34,87%, a кон пожарникарите 1,27% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Инаку, имало 1 085 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 3,52% и на 55% именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во системот за управување со кризи.