Здравје

Придобивки од матичен млеч

14.03.2024 10:25

Матичниот млеч го скратува времето на настинка или грип и ја подобрува работата на имунолошкиот систем воопшто. Помага при зараснување на раните и закрепнување на кожата...

Матичниот млеч се користи како природен лек за разни состојби, а многумина велат дека е најздравиот производ од природата. Има антивоспалителни и антибактериски својства, а исто така е антиоксиданс. Содржи и специјални протеини и витамини од групата Б. Покрај тоа, матичниот млеч може да помогне во ублажување на различни симптоми.

Матичниот млеч го скратува времето на настинка или грип и ја подобрува работата на имунолошкиот систем воопшто. Помага при зараснување на раните и закрепнување на кожата. Го намалува холестеролот и го регулира шеќерот во крвта. Матичниот млеч го успорува процесот на стареење на кожата, а може да ги ублажи симптомите на менопауза и ПМС.

Млечот благопријатно влијае на нервниот и кардиоваскуларниот систем бидејќи ја подобрува циркулацијата на крвта. Го ублажува уништувањето на нервните клетки, го нормализира крвниот притисок, го забавува процесот на склероза на крвните садови.

Истражувањата покажуваат дека млечот е драгоцено средство за зачувување на здравјето и забрзување на процесот на лекување, бидејќи ги содржи сите осум есенцијални аминокиселини, содржи и витамини, минерали, хормони, ензими и невротрансмитери.