Тензично во Ирак- странските амбасади го повлекуваат персоналот
Уште еден град падна пред налетот на сунитските екстремисти од Исламска држава Ираки Левант. Тал Афар, на 60 километри од Багдад, е последниот во низата освојувања на џихадистите. На северот од земјата отпор даваат курдските борци, откако ирачката војска побегна од позициите...

И покрај уверувањата на ирачките власти дека почнуваат контра офанзива, странските амбасади се повлекуваат од Ирак. САД и Австралија го повлекоа својот персонал во Јордан.
Ужасот од насилствата може да го доловат масовните стрелања на заробените војници и цивили, но и фактот дека настанатата ситуација може да ги седне на иста маса САД и првиот сосед на Ирак, Иран, кои немаат дипломатски односи веќе 30 години. Иако САД исклучуваат праќање копнени трупи, во Персискиот Залив, влезе американскиот носач на авиони, Џорџ Буш, а државниот секретар Кери порача дека САД може да употребат и дронови за да го запрат напредувањето на џихадистите. Генералниот секретар на НАТО, Расмусен, побара итно ослободување на турските дипломати и државјани во заложништво на Исламска држава.
„Сакаме сите турски заложници да бидат ослободени и на безбедно. Ништо не може да оправда ваков криминал. Со голема загриженост го следиме опасниот тек на случувањата во Ирак“, изјави генералниот скеретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.
Борбата против Исламска држава Ирак и Левант се води и на европско тло. Шпанската полиција уапси 8-члена група, предводена од поранешен затвореник во Гвантанамо, која регрутирала за џихадистите.
Ивана Салтировска
