Кривични пријави за тројца полициски службеници
Од страна на МВР до Обвинителството била поднесена кривична пријава против полициски службеник за кривично дело злосторничко здружување и присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство ...

Тројца високи полициски службеници добиле кривични пријави под сомнение дека свесно застареле дисциплинска постапка која се водела против нивни колега, информира министерот Тошковски на социјалните мрежи.
„Имено, од страна на МВР до Обвинителството била поднесена кривична пријава против полициски службеник за кривично дело злосторничко здружување и присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство, за што му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Во декември 2022 бил доставен предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност. Комисијата му предложила на министерот парична казна. Согласно закон министерот е должен решението да го донесе во рок од 12 месеци од приемот на одобрението од јавниот обвинител, истиот рок истекол на 21.12.2023, со што членовите на комисијата сториле кршење на дисциплинскиот договор на МВР“ – напиша Тошковски на Фејсбук.
