Корејски полуостров
Пјонгјанг со воена вежба демонстрира сила
14.03.2024 11:30
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун предводеше воена вежба придружувајќи им се на своите војници во обука за ракување со ново развиените борбени тенкови...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун предводеше воена вежба придружувајќи им се на своите војници во обука за ракување со ново развиените борбени тенкови.
Целта на воената вежба е да се тестира борбената способност на оклопните единици и како што го нарече Ким, најмоќниот тенк на светот.
Обуката е одговор на 11-дневните воени вежби на Јужна Кореја и САД, кои завршуваат денеска, а за кои Пјонгјанг тврди дека се проба за инвазија.
