Охрид

Менкиноски не се чувствува виновен

14.03.2024 12:53

Обвинетиот Менкиноски рече дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари, бидејќи со ниту еден закон во земјава или со меѓународен акт не е забрането истакнувањето на тоа знаме.

Со завршните зборови на познатиот адвокат Тони Менкиноски, денеска во охридскиот суд заврши процесот што се водеше против него, поради нарушување на јавниот ред и мир затоа што ја презеде одговорноста за поставување на знаме со сонцето од Кутлеш на празникот Богојавление во центарот на Охрид.

Обвинетиот Менкиноски рече дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари, бидејќи со ниту еден закон во земјава или со меѓународен акт не е забрането истакнувањето на тоа знаме.

Судската одлука дополнително ќе биде соопштена.