Владиниот оглас- шанса за стручните кадри

16.06.2014 17:27

Прифатлива е тезата дека тука ќе ги има оние кои на политиката не им била најсилна страна, туку вемето го трошеле да станат подбри во својата професија...

Добра идеја и голема шанса за стручните кадри – експерти за владионот оглас за вработување на високи позиции.

Прифатлива е тезата дека тука ќе ги има оние кои на политиката не им била најсилна страна, туку вемето го трошеле да станат подбри во својата професија.

„Станува збор за добра идеја, тоа е неспорно. Са речеме за некои места, како на пример за амбасадорско, ќе нема толку дилеми. Но има низа институции каде ќе се бара од тие луѓе отчетност, извршителност, ќе се бара да бидат успешни“, вели професорот Илија Ацевски- социолог.

Владата на оглас бара 379 лица за раководни позиции во државната управа, како и за управни и надзорни одбори. Може да се аплицира за амбасадори, воени аташеа, државни секретари, директори.

Можноста за пријавување трае до 30-ти јуни. На ланскиот оглас за раководни позиции аплицираа повеќе илјади кандидати.

 

Наташа Гркова- Петрушевска