Вонредна седница на Комисијата за заштита од заразни болести

Се очекува одлука за задолжителната вакцинација против голема кашлица

14.03.2024 13:10

Дали останува забраната за прием на деца кои не се вакцинирани или нецелосно имунизирани, ќе одлучи денеска Комисијата за заразни болести. Членовите на комисијата ќе треба да пресечат дали децата кои имаат примено три ди-те-пер вакцини, без ревакцина ќе можат да посетуваат градинка, без разлика на возраста. Нивната одлука се очекува денеска…

Во секој момент се очекува одлуката од Комисијата за заразни болести за тоа кое дете се смета за целосно вакцинирано, а кое некомплетно имунизирано со ди-те-пер вакцините. На денешниот состанок се решаваат токму овие дилеми.

Ова следува откако голем број родители реагираа, бидејќи нивните деца со наполнети 18 месеци и со три примени дози ди-те-пер биле вратени од градинка, зошто поради болест ја пролонгирале ревакцинацијата.

Продолжува метежот пред вакциналните пунктови во Скопје. Оние што сега ја примаат третата вакцина на ди-те-пер во пунктовите ги задолжуваат за шест месеци да ја примат и четвртата, односно ревакцината која се дава на 18-месечна возраст. Родителите во страв да не им се случи нешто на децата, лекарите смируваат не постои простор за паника.

Известува Викторија Милевска