Прилеп

Има сегрегација, но не ја прави училиштето

14.03.2024 14:07

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во најголемото прилепско Основно училиште „Добре Јованоски“ утврдила индиректна продолжена дискриминација која довела до сегрегација на ромските деца врз основа на етничката припадност. До Комисијата стигнала претставка од родители од децата од ромска националност дека врз менаџментот притисок вршеле родителите на од македонска националност. Од училиштето демантираат, ама посочуваат дека има проблем со сегрегацијата. Каков?

Не правиме ниту дискриминација, ниту пак сегрегација, вели менаџментот на најголемото прилепско училиште во населбата Тризла каде близу 90 насто се ученици од ромска националност. Признаваат дека има природна сегрегација поради иселувањето, но и ситуации родители да внесуваат друга адреса во личните карти за да го презапишат детето во друго училиште. Бараат МВР да обрне внимание.

Има едукации, но треба и вклучување на заедницата за надминувањето на проблемите, смета педагошката служба во училиштето.

Од десетте, ова е најголемото основно училиште во Прилеп.

 

Елизабета Митреска