Економија

Благ пад на цените на есен

14.03.2024 15:01

Законот за нефер трговски практики кој вчера помина во Собранието, треба да донесе ред во економијата. Откако заврши мерката гарантирани цени, со новото решение се очекува ограничување на маржите на производите, со што граѓаните нема да бидат оштетени...

Ќе има благ пад на цените на храната, ама не веднаш – туку на есен, откако ќе стапи во сила Законот за нефер трговски практики кој помина во Собрание. Економисти за МТВ велат дека и откако реално ќе профункционира Законот, граѓаните да не очекуваат чуда.

Во меѓувреме, производителите и трговците имаат рок од 6 месеци за да ги усогласат договорите, кога треба да ги усогласат цените. Законот содржи 26 нефер трговски практики за спречување на манипулациите, а за приспособување на фирмите кон понудените решенија е одреден рок од шест месеци.

Откако Законот помина во Собрание, и економистите очекуваат ублажување на цените, но не веднаш, туку после неколку месеци.

За непочитување на Законот се предвидени парични казни од 20.000 евра. Дополнителни надлежности добива и Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Претходно, дел од компаниите најавија дека ќе ги задржат гарантираните цени до 15-ти мај, тоа не се почитува секаде. Откако Законот ќе стапи во сила, Министерството за економија ќе усвои листа на повеќе од 2.000 производи за кои, маржата не смее да биде повисока од 10%.

 

 

Борис Грујоски