Македонија

АРМ се поднови со осум борбени хеликоптери

14.03.2024 15:04

Армијата ќе добие осум нови борбени хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“, со кои ќе може да се гаснат и пожари. Набавката вредна 230 милиони евра,..

Армијата ќе добие осум нови борбени хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“, со кои ќе може да се гаснат и пожари. Набавката е вредна 230 милиони евра, што е обезбедено со проекциите за воениот буџет кој надмина два проценти од БДП.

Во набавката на хеликоптерите е вклучен и пакет логистичка поддршка, резервни делови и потрошен материјал, специјален алат и испитна опрема за два хеликоптери тренажер, изградба на модерен инфраструктурен објект и обука на пилотите и техничкиот персонал.

Хеликоптерите ќе почнат да пристигаат од втората половина на 2026-та до крајот на 2028-та година. До крајот на јули, во хеликоптерскиот ВИНГ ќе се вратат 5-те хеликоптери коишто се на ремонт во Чешка.

 

Ирина Гелевска