Избори 2024

Предизборни калкулации на политичките партии

14.03.2024 15:05

Кампањата не е почната, но, веќе се цртаат контурите во кој правец ќе се движи реториката. ВМРО-ДПМНЕ ги објави носителите во сите изборни единици, единствено за петката сè уште нема одлука. Во СДСМ, засега е извесно дека лидерот на партијата ќе биде предводник во првата изборната единица...

Додека се финализираат пратеничките листи и изборните програми, партиите не штедат фалби за она што тие им ги нудат на граѓаните, но и критики за опонентите. Кампањата не е почната, но, веќе се цртаат контурите во кој правец ќе се движи реториката.

ВМРО-ДПМНЕ ги објави носителите во сите изборни единици, единствено за петката сè уште нема одлука. Александар Николовски, кој е предложен за носител во четворката рече дека им претстои многу работа.

Во СДСМ, засега е извесно дека лидерот на партијата Димитар Ковачевски ќе биде предводник во првата изборната единица, каде што ќе се соочи со Мицкоски, Апасиев, Арсовска.

Партијата како и на минатите избори ќе оди со коносители. Социјалдемократите, коишто застанаа зад претседателската кандидатура на Пендаровски, ја обвинија Силјановска – Давкова дека не нуди ништо ново и оти како пратеник и таа ги блокирала законите кои се од интерес за евроатлантскиот пат на земјава.

Во коалицијата „Вреди“, фокусот на подготовката на програма.

За парламентарните избори, листите треба да се достават најдоцна до 2-ри април. Првиот круг за избор на шефот на државата ќе се одржи на 24-ти април, додека на 8-ми мај евентуалниот втор круг заедно со парламентарните избори.

Игор Панов