Здравство

Со примени три вакцини ди-те-пер може да се оди во градинка

14.03.2024 20:00

Децата кои имаат примено три дози од вакцината ди-те-пер за голема кашлица можат да посетуваат градинка. Но постои услов – четвртата доза од вакцината ќе мора да ја примат најрано после шест месеци...

Децата со три вакцини на „ди-те-пер“ можат да одат во градинка, но по шест месеци од примовакцинацијата задолжително да ја примат ревакцината. Состојбата е алармантна, над 170 заразени со пертусис има во Скопје, над 200 во државата, од Комисијата за заразни болести предупредија дека за кратко време може да излезат со построги мерки. Дополнително ќе се преземаат мерки и за зголемување опфат со МРП.

Од јануари, Комисијата за имунизација побарала од вакциналните пунктови на неимунизираните деца да им даваат по две вакцини одеднаш.

Поразителни се податоците дека 50% од децата во градинките не се целосно имунизирани, професорот Петличковски апелира до родителите да не бараат потврди за привремена спреченост од вакцинација, такво нешто не постои.

Сите овие мерки се воведуваат за да почне да се почитува календарот за имунизација, со сите дози на вакцини примени навреме, децата се заштитени.

 

Наташа Јанчиќ Менковски