Руско-украински конфликт

Украинците со дронови, Русите од земја и воздух

14.03.2024 18:45

Од утре до 17-ми март во Русија, но и во Донбас и на Крим се спроведуваат избори за претседател на руската федерација. Наредниот мандат најверојатно повторно ќе го добие претседателот Путин кој повика на патриотизам. Украина и натаму оскудна со муниција, Зеленски укажа на напредокот кон членството во Европската унија. Земјите на континентов ја враќаат редовната регрутација, во Данска тоа ќе им биде овозможено и на жените...

Во пресрет на претседателските избори во Русија, засилена размена на огнот во Украина и во градовите од двете страни на границата. Киев со дронови повторно во Белгород и во Херсон, Москва стрела и од земја и од воздух во соседството на Донбас и Крим. Путин, кој по најверојатниот нов претседателски мандат ќе владее со федерацијата вкупно две децении, ги повика граѓаните да го искажат патриотизмот.

„Да се учествува во изборите е чин на патриотизам. Ова е добро разбрано од жителите на Донбас и на Крим кои веќе гласаа за обединување со Русија. И нашите војници на фронтот ќе гласаат. Гласајте во наредните три дена потврдување на унитарноста“, изјави Владимир Путин, претседател на руската федерација.

Во молдавиското Министерство за надворешни претходно беше повикан на разговор рускиот амбасадор поради намерата на Москва да отвори шест гласачки места во областа Транснистрија, каде што се инсталирани 150 илјади руски војници. Нема слободни избори во Русија, Путин повторно ќе победи, смета генералниот секретар на НАТО.

„Суштината на демократијата се слободни и фер избори, тие нема да се одржат во Русија. Има политичари во затвор некои од нив се убиени и другите се во егзил. Рускиот обид да организира избори во Украина е целосно незаконски поради нарушувањето на меѓународното право“, изјави Јенс Столтенберг-генерален секретар на НАТО.

Украинскиот интегритет беше и едно од носечките прашања на средбата Блинкен и Борел во Вашингтон. Поддршката на земјата треба биде поизразена, оценка на заменикот на Фон Дер Лајен.

„Светот станува се потемен и се потемен. Украина е нашиот најблизок свет за нас, европејците и за нашата безбедност. Рускиот агресор нема да запре. Ние мораме да го запреме. Сепак мораме заедно и повеќе да и помогнеме на Украина во предизвикувачките времиња“, Џозеп Борел-шеф на Европската надворешна и безбедносна политика.

Црните прогнози за европската безбедност поради агресијата во Украина, натрупувањето на војската од двете страни на европската и на руската граница, ја враќа редовната регрутација на војската и во Европа. Во Данска таа ќе се однесува и на жените.

„Ова е целосна родова еднаквост. Досега само мажите служеа редовно во војската. Но сега се различни и условите. Добиваме помодерна армија“, изјави Мете Фредериксен, премиер на Данска.

Поради безбедносните предизвици, полскиот претседател Анджеј Дуда побара зголемување на националните учества на земјите-членки на НАТО во одбраната од два на три насто од бруто домашниот производ.

 

Зоран Богатинов