Собрание

Законот за игри на среќа не се изгласа

14.03.2024 19:41

Законот не доби поддршка од пратениците објектите за игри на среќа да се селат 500 метри подалеку од училиштата. Обложувалниците задоволни …

Законот за игри на среќа и забавни игри не е усвоен. Добил поддршка од 51 пратеник, со што не се исполнети условите да го мине филтерот. Предлагач на Законот е Демократската унија за интеграција (ДУИ) коалициски партнер во владата. Според нив, Законот има за дел за ги заштити младите од лоши и несоодветни навики за нивната возраст.

Со измените им се овозможуваше рок од една година на обложувалниците и автомат клубовите да ги преселат нивните деловни простории на најмалку 500 метри од училиштата.

Од Асоцијацијата за приредувачи на игри на среќа (АПИС) кои се противеа на Законот од самиот почеток, се заблагодарија во името на 10 илјади вработени во таа индустрија и нивните семејства на сите пратеници кои не гласаа за законот. Законот претходно беше изгласан во Собранието, но не беше потпишан од претседателот, па повторно беше вратен на гласање.