Влада

Утре Џафери на Меѓународна конференција по повод 60 години Уставен суд

14.03.2024 19:18

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери утре ќе се обрати на Меѓународната конференција по повод 60 години Уставен суд...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери утре ќе се обрати на Меѓународната конференција по повод 60 години Уставен суд.

Како што најавија од владината прес-служба, конференцијата ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија, во салата „Голема купола“.