ракомет
Никола Митревски се враќа во Еурофарм Пелистер
14.03.2024 21:02
Се враќа во Битола по четири сезони поминати во Порто…

По четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на Еурофарм Пелистер. Поранешниот капитен на Еурофарм Пелистер од Битола и голманот на македонската репрезентација, Никола Митревски, потпиша двегодишен договор, кој ќе започне да важи од идната ракометна сезона 2024/25.
Митревски во својата кариера го носеше дресот на Констанца, Бенфика, Металург и Вардар.
