Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
15.03.2024 08:29
Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 17 степени.
