Ескобар бара итен влез на Македонија во ЕУ
Македонија треба да биде полноправен кандидат и веднаш да стане членка на Европската унија...

Македонија треба да биде полноправен кандидат и веднаш да стане членка на Европската унија. Земјата е цврст партнер, билатерално и во мултилатералните сојузи, како НАТО и ОБСЕ, вели американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Ова на својата официјална Фејсбук страница го објави и Американската амбасада во Скопје. Претходно, Ескобар порача дека земјава е многу солиден партнер на САД, како билатерално, така и мултилатерално во НАТО и ОБСЕ и дека Вашингтон очекува и по изборите земјата да добие влада посветена на членството во Алијансата и на интегрирањето во ЕУ.
Ескобар е на турнеја низ Западниот Балкан, од Приштина заминува за Подгорица.
