ЦУК: Само еден пожар на отворено во последното деноноќие
Во последното деноноќие беше пријавен само еден пожар на отворено.

Во последното деноноќие беше пријавен само еден пожар на отворено.
Пожарникарите од ТППЕ Тетово вчера, од 18:25 до 19:10 часот, со тројца пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалени отпадоци и ниска вегетација кај село Боговиње, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.
Во последното деноноќие имало вкупно 2 032 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 46,01 отсто, а 53,99 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,54 отсто, кон Итната медицинска помош 32,63, кон пожарникарите 2,55, а кон АМСМ 0,10 отсто од реалните повици кон 112.
