Потврдено: Буралиева од СДСМ останува пратеник

16.06.2014 23:41

Таа изјави дека не се согласува со бојкотот и дека нема намера да го врати мандатот...

Пратеникот на СДСМ, Љубица Буралиева потврди за МРТ дека ќе остане пратеник во Собранието. Таа изјави дека не се согласува со бојкотот и дека нема намера да го врати мандатот.

Пратеничка Солза Грчева не беше достапна за изјава.

Пратеничката Роза Топузова- Каревска од ЛДП беше првата која не го врати пратеничкиот мандат.

Во среда треба да се верификуваат поднесените оставки на пратениците на СДСМ и опозицијата.