Украина

Уништени 27 дронови „Шахид“, тврди украинската војска

15.03.2024 09:22

Не стивнува војната во Украина. Уништени се 27 дронови „Шахид“ во неколку украински области, тврди украинската одбрана...

Не стивнува војната во Украина. Уништени се 27 дронови „Шахид“ во неколку украински области, тврди украинската одбрана. Москва го обвини Киев дека активирале експлозивна направа во близина на нуклеарната централа во Запорожје.

Русија ја информирала Меѓународната агенција за атомска енергија и побарала одговорност. Федералната служба за безбедност на Русија објави и дека привела руски државјанин под сомнение дека лансирал беспилотни летала во име на Украина.